Гостивар со неверојатна трета четвртина до триумф над ФМП Академија

Кошаркарите на Гостивар сосема очекувано ја оправдаа фаворитската улога и триумфираа на гостувањето против ФМП Академија со убедливи 82-102 во натпреварот од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Уште на стартот Гостивар покажа дека ја планира само победата од овој дуел, па ја доби првата четвртина со 16-24. Но, домашните успеаја да парираат во продолжението, за да конечно отпорот се скрши на ФМП во третиот перод кој гостиварци го добија со извонредни 11-35. Сето тоа за пат кон конечна победа.

Најдобар кај Гостивар и на мечот беше Инграм со 28 поени, а кај гостите се истакна и Вилијамс со 26 поени. Кај ФМП Академија најдобар беше Робертс со 22 постигнати поени.

Гостивар сега со 7 победи и 13 порази е на осмата позиција на табелата меѓу 12 прволигаши, а ФМП Академија е на 10. место со четири победи и 16 порази.

Се вчитува...