Гостивар со одличен финиш го искачи Кожув, Куманово со мака го победи Вардар

Кошаркарите на Гостивар остварија гостински триумф (73-78) над Кожув во Гевгелија. Тимот на Марјан Србиновски извлече победа во финишот, откако Димчевски и Костоски постигнаа клучни поени, иако Кожув имаше водство од 73-72 на една минута пред крајот.

Во меч со мнпогу пресврти, Гостивар со одична втора четвртина на полувремето обезбеди предност од 15 поени разлика (30-45). Но, третиот сегмент му припадна на домаќинот, а потоа се случуваше вистинска драма. На крајот, гостиварци се радуваа на победата. Александар Костоски со 23 поени и Џозеф Фустингер, кој постигна два поени помалку, беа предвоници во составот на Гостивар.

Куманово на домашен терен со многу мака ги освои бодовите против Вардар. Составот на Александар Петровиќ беше во водство во најголемиот тек од мечот, но Вардар притисна силно во последниот период. Сепак, домашните кошаркари успеаја да стигнат до целта.

Бранислав Ѓекиќ со 23 поени беше најефикасен во тимот на Куманово, додека Ник Тарнер и Славчо Темелковски постигнаа по 15 поени во таборот на Вардар.

Се вчитува...