Гостивар со своја „химна“ пред дербито со Работнички (видео)

Кошаркарскиот проект на Гостивар од година во година се повеќе добива на сериозност, овој тим лани влезе во Супер-лигата, а сезонава е многу сериозен кандидат за место во плеј-офот.

Гостиварци созреваат од секој можен аспект, па така денеска ја промовираа и официјалната навивачка химна. Станува збор за нумера компонирана од гостиварската група Ареа која својата промоција ќе ја има на големото дерби со Работнички.

Се очекува оваа песна наскоро да стане хит меѓу навивачите на Гостивар, кои вообичаено до последно место ги пополнуваат трибините на салата „Младост“.

 

Се вчитува...