Гостивар триумфално против ТФТ за петта победа сезонава

Кошаркарите на Гостивар дојдоа и до петтата своја победа сезонава, триумфирајќи со 89-75 во 7. коло од Првата македонска кошаркарска лига против ТФТ Скопје.

Гостиварци запишаа победа благодарение на одличната игра во второто полувреме, низ кое трпеливо го градеа резултатот до конечниот триумф.

Во првиот дел се играше максимално израмнето, во кое гостите од ТФТ во поголемиот дел имаа предност се до финишот кога домашните го презедоа водството. Петте поени предност на полувремето (47-42), гостиварци знаеја да ги одржуваат и постепено зголемуваат низ второто полувреме за на крајот и убедлива победа од 14 поени разлика (89-75).

Извонреден во победничкиот тим беше Ворку со 22 поени, дополнети и со 11 асистенции, а го следеше Тодоровиќ со 20 постигнати поени. Во поразениот тим се издвои Бродвеј со 19 поени и шест скока, а 13 поени дополнети со шест асистенции запиша Костоски.

Се вчитува...