Гостивар триумфално со Вардар за четврта победа сезонава (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Гостивар триумфираа со 75-90 на гостувањето против Вардар во 8. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Гостиварци дојдоа до четвртата победа сезонава, најавувајќи го триумфот уште од првата четвртина која ја добија со 15-25.

На полувремето Гостивар отиде со предност од 18 поени (27-45), а во второто полувреме само рутински ја одржуваше предноста за конечна победа од 75-90.

Митевски со 17 поени, Инграм со 15 поени и Вилијамс со 14 поени беа најдобри во составот на Гостивар. Митков кај Вардар беше најефикасен со 17 поени.

 

 

 

Се вчитува...