Гостивар убедлив против Шкупи

Кошаркарите на Гостивар го декласираа Шкупи на гостински терен со 68-125 во воведниот натпревар од 18. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. Победникот беше решен уште во првата четвртина која гостите со убедлива игра во нападот ја добија со 16-29. Во втората четвртина разликата само се зголемуваше, за на полувреме Гостиварчани да отидат со предност од 30-58.

Во вториот дел предноста растеше, а на крајот од третата четвртина изнесуваше 48 поени разлика (43-91).  Во последната четвртина избраниците на Марјан Србиновски продолжија да го мелат противникот, за конечен триумф од 68-125.

Најдобар поединец во победничкиот табор беше Бојан Трајковски со уфрлени 22 поени, надополнети со 5 асистенции и 6 скока.

Со оваа победа „гостиварчани“ се качија на 4. позиција на првенствената табела, со скор од 11 победи и 5 порази, а Шкупи остана единствен тим во домашниот шампионат кој се уште нема победа.

Се вчитува...