Гостивар убедлив против Вардар

Кошаркарите на Гостивар остварија убедлива победа (99-66) против Вардар во воведниот натпревар од 19.коло во Првата лига. Домаќинот го доби првиот период со 25-21, а на полувреме замина со двоцифрена предност (49-37). По третата четвртина дефинитивно беше јасно дека гостиварци ќе слават триумф, откако избраниците на Марјан Србиновски ја добија со 30-11.

Тенксли Афианаи со 21 поен беше најефикасен во составот на Гостивар, а Бојан Трајковски и Ренато Димитриевски уфрлија по 14. Кај Вардар, се истакна Павле Михајлоски со 18 поени.

Се вчитува...