Гостивар убедлив со Охрид, победи на Фени Индустри и Кожув

Кошаркарите на Гостивар славеа убедлива победа од 83-66 против АВ Охрид во 26. коло од Суперлигата на Македонија, во плеј-оф разигрувањето за шампионската титула.

Гостиварци без проблеми стигнаа до триумфот, дозволувајќи им на гостите да доминираат единствено во првата четвртина која Охрид ја доби со 21-23. Се понатака до крајот на мечот беше игра на домашните кои сосема заслужено стигнаа до победата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Димчевски со 23 поени, Тасовски постигна 17 поени а Магдовски мечот го заврши со 16 поени. Кај гостите се издвоија Ахметбашиќ со 16 поени и Кенет со 14 постигнати поени.

Гостивар стигна до 15-та победа сезонава, наспроти и 11 порази, додеја АВ Охрид остана на последната позиција во плеј-оф разигрувањето од Суперлигата со 11 победи и 15 порази.

Во плеј-аут разигрувањето, пак, Кожув славеше против Шкупи со 94-84, додека Фени Индустри беше подобар од Пелистер победувајќи со 73-64.

Се вчитува...