Тимот на Гостивар го претрпе третиот пораз на подготовките во Анталија. Гостиварци денеска беа поразени од Ружомберок со 1-4. Сите голови беа постигнати во вториот дел.
Во 60. минута од средбата Ружомберок дојде до предност, но веднаш потоа Кехинде успеа да израмни. Во 65. минута Ружомберок одново дојде до предност.
Во финишот од средбата по огромни грешки на одбраната на Гостивар, уште два гола на Словаците за конечни 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА