Фудбалерите на Гостивар по претходната победа на првиот подготвителен тест во Анталија, денеска загубија од рускиот прволигаш Крилја Советов со 3-1.
Гостиварци имаа предност од 0-1 по првото полувреме со голот на засилувањето Иван Ивановски уште во 19.минута од средбата.
Но, Русите со три гола во второто полувреме дојдоа до пресврт и триумф од 2-1. Најпрво стрелаа од пенал во 74. минута а потоа со втор гол и во 77. минута за да во 95.минута, буквално во последните секунди од натпреварот, и со трет гол дојдат до конечна победа од 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА