Гостиварци го задржаа „костурот“ и за следната сезона

Гостивар оваа сезона не ги исполни очекувањата откако „сино-белите“ сезоната ја завршија во четвртфиналето од Купот на Македонија и домашното првенство, а во двата наврати беа запрени од Еуро Никел.

Меѓутоа во Гостивар веќе се работи на составување на тимот за следната сезона, а по продолжување на соработката со Александар Јончевски, клубот сега го задржа и дел од „костурот“ на тимот кој веќе неколку сезони ја брани честа на овој тим.

Во клубот и следната сезона остануваат браќата Роберт и Ренато Димитиевски кои поради повреди не можеа потполно да му помогнат на својот клуб оваа сезона, како и поранешните репрезентативци Александар Костоски и Марјан Јанески. Гостивар оваа сезона не ги погоди во целост странските засилувања, меѓутоа оној кој ги исполни очекувањата, Александар Тодоровиќ и следната сезона ќе биде дел од тимот.

Претходно клубот го напуштија Диме Тасовски кој стави крај на белскавата кариера, како и Ивица Димчевски кој по четири сезони реши да ги промени клупските бои.

Се вчитува...