Гостувањето во „Градски Парк“ не се заборава: Ем смрди, ем има пајаци по соблекувалните

Две години минаа од натпреварот меѓу тимот од колеџ-играчи од САД и екипата на Работнички што се одигра во „Градски Парк“. Фактот дека Работнички стигна до победата и не е толку значаен колку што се впечатливи спомените на Американците за „македонскиот храм на кошарката“, за кој тврдат дека е еден од најлошите што ги виделе во животот.

Лонзо Бол, кој беше најпознато име во тој американски состав, на својот профил на Инстаграм објави видео од гостувањето во Скопје, во кој главен акцент е ставен на соблекувалните. Кошаркарите се жалат на ужасна смрдеа, но и на пајаци во соблекувалните, а видеото почнува со „современиот“ начин на затоплување на салата.

Срамот за „Градски Парк“ стигна и до САД, па прашање е дали и летово Работнички ќе продолжи да инсистира своите домашни натпревари во следната сезона да ги игра во оваа сала, која подолго време не ги исполнува ниту минималните нормални услови за спортски настан.

Срамота е, време е да се сврти нов лист…

Се вчитува...