Готово: Англиски премиерлигаш со нови газди ветува стабилност

Барнли е тим со долга трандиција, има и две титули во Премиерлигата од кои онаа во 1960 година е најдрага, освоена само со играчи од сопствената академија. Во последните години тимот од Јужен Јоркшир не е стабилен како некогаш, но ситуацијата за овој тим наскоро ќе се промени.

Имено, Барнли има нови газди. Во прашање е американскиот инвестициски фонд „АКЛ Капитал“ кој е предводен од финансискиот гуру, Ален Пејс кој претходно работеше во и МСЛ лигата, во тимот на Солт Лејк, и ја негува технологијата и вложувањето во младите играчи.

На тимот на Шон Дајс му претстојат подобри денови и стабилност, но прво потребно е да се избори опстанок меѓу најдобрите во Англија. За разлика од претходното раководство, новите газди се спремни да издвојат финансии за трансфери, а првите се очекуваат веќе во јануарскиот трансфер рок.

Се вчитува...