Готово е: Алкантара се збогуваше од Баерн, се сели во Ливерпул

По седум години и 230 одиграни натпревари, Тијаго Алкантара го напушта Баерн Минхен и се сели во Ливерпул.

29-годишниот Алкантара, кој ги мина сите млади категории на Барселона, беше единствената но ултимативна желба на Пеп Гвардиола кога каталонскиот стратег го презеде Баерн Минхен. Сега, по седум години, Алкантара се збогува од Баерн и се сели во Ливерпул.

Како што пренесуваат германските и шпанските медиуми договорот е веќе постигнат, па се очекува Алкантара на почетокот од следната недела да пристигне во Ливерпул на потпишување на договорот.

Дека се е веќе готово показател е, како што пишува „Билд“, и забавата за збогум од соиграчите која минатата сабота ја направил Алкантара. По победата над Волфсбург ги повикал соиграчите од Баерн на забава за збогум посочувајќи им дека кариерата ја продолжува во Ливерпул.

„Ние сакавме Тијаго да остане, но заминувањето е негова желба затоа што сака да проба нешто ново. А, бидејќи не сакаме следното лето да си оди бесплатно, добиваме задоволувачка отштета“ – истакна и првиот човек на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

Се вчитува...