Готово е: Барса го потпишува Артуро Видал

Артуро Видал во следните 24 часа би требало и официјално да биде претставен как ново засилување на Барселона, неочекуван развој на настаните откако Чилеанецот беше на чекор до преселба во Интер.

Тренерот Ернесто Валверде беше бесен што клубот без негова дозвола го продаде Паулињо, па сега инсистираше на нов играч за врска што би внел цврстина во таборот на Барселона. Видал поседува и квалитет и искуство за да биде од помош на шпанскиот шампион, по што експресно беше постигнат договор со Барселона, висината на овој трансфер да изнесува 18 милиони евра.

Последна фаза од преговорите се онаа за платата на самиот фудбалер, кому му е понуден тригодишен договор, а останува само уште да се договорат детали и Видал да ги мине лекарските прегледи за трансферот да биде официјализиран.

Се вчитува...