Готово е: Џеко се согласил на трансфер во Јувентус!

Един Џеко и дефинитивно кариерата ја продолжува во Јувентус. Трансферот е договорен, а останува само уште официјалната промоција, пренесува „Кориере дело спорт“.

Џеко одлуката да ја прифати понудата од Јувентус ја донел по разговорот со семејството. Висината на трансферот е 12 милиони евра кои ќе ги добие Рома, а годишната плата за Џеко останува иста како и во Рома – 7,5 милиони евра.

Главната причина да го прифати трансферот во Јувентус е желбата на Един Џеко кариерата да ја заокружи со трофеј во Серија А, нешто кое сигурно може да му го овозможи „Старата дама“. На негова преселба се согласила и сопругата Ана, иако италијанските медиуми изминатиов период постојано нагласуваа дека таа е пречка за овој трансфер поради фактот дека не сака да го напушти Рим.

Се вчитува...