Готово е: Интер најде нов голман

Интер конечно успеа да ангажира нов голман, откако по двонеделни преговори најде заеднички јазик со Баерн Минхен за ангажман на Јан Зомер.

Швајцарскиот ас дојде во јануари во Баерн и беше прв голман додека Нојер беше повреден,  но по смената на Нагелсман и рехабилитацијата на германскиот ветеран стана јасно дека Зомер нема да биде стандарден на „Алијанц Арена“, по што самиот побара да биде продаден. Тој имаше клаузула во договорот за заминување за шест милиони евра, но Интер долго преговараше во обид да ја спушти оваа сума.

Откако понудата од четири милиони плус клаузули беше експресно одбиена од Баерн, двата клуба на крајот се договорија трансферот да изнесува шест милиони, но Интер да ја плати сумата на неколку годишни рати.

„Нероаѕурите“ се во потрага по нов голман откако летово го продадоа Онана во Манчестер Јунајтед, а клубот го напушти и ветеранот Ханданович.

Се вчитува...