Готово е: Мбапе оди во Реал Мадрид, се чека само на една работа

Килијан Мбапе ја донел конечната одлука за својата иднина, францускиот ас на крајот од оваа сезона како слободен играч ќе го напушти ПСЖ и ќе го реализира „трансферот од соништата“ во редовите на Реал Мадрид. Весникот „Паризиен“ попладнево ја објави оваа информација повикувајќи се на извори блиски до семејството Мбапе, но и до соиграчите на Килијан од тимот на ПСЖ.

Наводно, Мбапе веќе ги известил своите најблиски за конечната одлука, ставајќи крај на надежите на челниците на ПСЖ дека со нова мултимилионска понуда би можеле да го премислат голгетерот како што тоа се случи пред една и пол година. Овојпат одлуката на францускиот репрезентативец е конечна, тој верува дека е подготвен за трансферот на кариерата и веќе ја прифатил понудата на Реал Мадрид.

Се чека само на една работа – официјална потврда од самиот Мбапе и потпишување на преддоговор со Реал Мадрид што ќе се активира од 1 јули. Французинот наводно се уште тактизира за ова прашање, претходно најавуваше дека ќе чека до крајот на сезоната пред да ја обелодени својата одлука, но сега кога таа е позната за јавноста, се очекува Мбапе најдоцна до крајот на февруари само да официјализира дека од летово кариерата ќе ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...