ГОТОВО Е: Мбапе ЗАМИНУВА од ПСЖ на крајот на сезоната!

Килијан Мбапе на крајот на сезоната и дефинитивно заминува од ПСЖ. Најверојатно негова следна дестинација ќе биде Реал Мадрид, но јасно е дека тој нема да игра повеќе за францускиот првак.

Мбапе наводно веќе ги информирал челниците на тимот од Париз дека на крајот од сезоната заминува, односно дека нема да го продолжи договорот.

Со тоа, конечно, ќе биде ставен крај на сагата околу иднината на Мбапе, кој најверојатно ќе заврши во дресот на Реал Мадрид, иако има интерес и од други гиганти.

Мбапе е дел од ПСЖ од 2017 година, најпрво една сезона како позајмен, а потоа и со перманентен договор. Речиси секој преоден рок се споменуваше негово заминување, а особено тоа беше актуелно минатото лето, меѓутоа на крајот се реши да остане дел од парискиот тим. Меѓутоа сега по завршувањето на сезоната е јасно дека неговата одисеја во ПСЖ е готова.

Се вчитува...