Готово е: Меси и Барселона се договорија, наскоро и официјализација

Лионел Меси треба наскоро да го комплетира својот „кам-бек“ во Барселона. „Меси мисли само на враќање“, тврдат шпанските медиуми, а со тоа се враќа во тимот во кој ги доживеа најубавите моменти од својата кариера.

Суспензијата која му ја изрече ПСЖ поради неговото ненајавено заминување во Саудиска Арабија, само го забрзаа „кам-бекот“ на Аргентинецот на „Ноу Камп“. Тој засега ги одбива сите понуди и сака само да игра во Барселона, која му нуди далеку помалку пари за разлика од тимот на Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Според шпанските медиуми, договорот на Меси ќе биде на 1+1 година, со тоа што ќе заработува „ситни“ 13 милиони евра по сезона. Нему парите не му се важни, туку само да се врати во Барселона и да ја заврши кариерата во овој клуб.

Се вчитува...