Готово е: Пресуди желбата на Нејмар, Бразилецот се враќа во Барселона!

По денешните преговори меѓу ПСЖ и Барселона во Париз, каталонскиот „Мундо Депортиво“ тврди дека веќе е постигнат договор за враќање на Бразилецот Нејмар во Барса.

Според последниот договор, Барселона ќе му плати на ПСЖ 160 милиони евра, во две рати. Французите бараа 100 милиони евра и Дембеле, но на крај се согласиле да добијат се во пари како би можеле до крајот на преодниот рок да го купат Дибала од Јувентус.

Пресудна за договорот меѓу двата клуба била желбата на Нејмар да се врати во клубот од кој пред две години пристигна во Париз за сума од 222 милиони евра.

Според последните информации, сега само се чека официјална потврда од клубовите за враќањето на Нејмар во Барселона.

Се вчитува...