ГОТОВО: Компани е нов тренер на Баерн – Барнли ќе добие 12 милиони евра отштета!

И дефинитивно, нов тренер на Баерн Минхен ќе биде Винсен Компани, како наследник на Томас Тухел!

Како што објавија германските медиуми, отстранета е и последната бариера пред преселбата на Компани во Германија, а тоа е отштетата која ја бараше Барнли. Баерн Минхен конечно се согласил да исплати 12 милиони евра отштета на премиерлигашот со што деновиве Компани и официјално ќе биде промовиран како нов тренер на клубот.

Компани ќе потпише тригодишна соработка до јуни 2027, и тоа во текот на денешниот ден. Баерн ќе биде трет клуб во неговата тренерска кариера по Андерлехт кој го водеше од 2020 до 2022 и Барнли, на чие чело беше од 2022 до 2024 година.

Се вчитува...