Гоце Толески е нов тренер на Охрид

Поранешниот македонски репрезентативец, Гоце Толески е нов тренер на второлигашот Охрид Лихнидос.

По оставката на Драган Бочески, раководството на клубот се одлучи да му ја даде довербата на Толески кој веќе неколку години како тренер работи во спортската Академија во Охрид. Гоце Толески во својата играчка кариера, покрај за Охрид, настапуваше и за Напредок, Ренова и Работнички на домашната фудбалска сцена, како и за Славија Прага, Мост, Млада Болеслав, Сигма Оломуц во чешкиот шампионат, но и за германски Вакер Бургхаузен.

Деби на клупата од Охрид, Толески ќе има утре на натпреварот против Кадино на гостински терен, во 5. коло од Втората лига – Запад. Охрид по првите четири кола во првенството нема освоено ниту еден бод.

Се вчитува...