Град Скопје со парична награда од 100.000 денари за бронзениот боксер од ЕП, Ардијан Аземи (ФОТО)

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов организираше прием за освојувачот на бронзениот медал од Европското првенство во бокс за младинци, Ардијан Аземи кое пред две недели се одржа во Будва.

На средбата на која присуствуваше и претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски и претставници на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, по предлог на градоначалникот Шилегов, за постигнатиот успех на боксерот Ардијан Аземи, Град Скопје ќе му додели награда во износ од 100.000 денари.

„Врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје, како што во овој случај е финансиската и логистичка поддршка на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, неколку години наназад. Во последниве шест години постојан член на „Шкупи“ е наградениот 17-годишен боксер Ардијан Аземи, кој со младинската боксерска репрезентација го постигна најголемиот успех на македонскиот младински бокс, и за првпат по 25 години во младинските категории освои еден од највисоките пласмани на едно европско натпреварување“ – велат од Град Скопје.

Градот Скопје финансиски го поддржа и боксерскиот клуб „Шкупи“ така што во 2020 година преку Програмата за Спорт им додели 50.000 денари, а во 2019 година – 40.000 денари за активностите на клубот.

Се вчитува...