Навивачите на ПСЖ го искажаа своето незадоволство од раководството на клубот, со тоа што испишаа графити на стадионот на ПСЖ „Паркот на принцовите“.
Утрово осамнаа графити со пораки: „Леонардо, Насер, надвор од нашата земја“.
Фановите се незаводолни од раководењето на клубот, од сопственикот и од спортскиот директор, па порачаа двајцата да си заминат.
ПСЖ е во тотален хаос откако испаднаа од Реал Мадрид во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, иако беа меѓу фаворитите за освојување на пехарот.
💣”LEONARDO, NASSER, FUERA DE NUESTRAS TIERRAS”
🔥PINTADAS contra los directivos del PSG.
📸 ‘Le Parisien’ pic.twitter.com/CKrXvHcMGY
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) March 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА