„Граѓаните“ доведоа млад бразилски репрезентативец

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити размислува и за иднината, па потпиша договор со младинскиот репрезентативец на Бразил, Даглас Луиз. Тој е играч за врска, член на репрезентацијата на Бразил до 20 години, и стави потпис за петгодишна верност со „граѓаните“, а најверојатно ќе замине на позајмица во шпанскиот клуб Џирона, каде треба да го стекне неопходното искуство за настап во Европа.

Даглас Луиз доаѓа од редовите на Васко де Гама, а трансферот изнесува околу 10 милиони фунти.

Претходно, Манчестер сити во своите редови ги ангажираше Бернардо Силва од Монако, голманот Едерсон од Бенфика, како и Кајл Вокер од Тотенхем.

Се вчитува...