„Граѓаните“ им се вратија на победите

Манчестер сити се врати во победнички ритам, славејќи на домашен терен против Њукасл со 2-1. Тимот на Пеп Гвардиола беше подобар ривал на овој меч, но, сепак, оствари минимален триумф.

Рахим Стерлинг ги доведе „граѓаните“ во водство во осмата минута, а возврати Деандре Једлин во 30.минута.

Во вториот дел, Кајл Вокер со одличен удар од 25 метри успеа да донесе триумф за Манчестер сити.

Се вчитува...