„Граѓаните“ лесно го решија и Вест хем

Манчестер сити продолжи со одличните игри во подготвителниот период, успевајќи да триумфира сo 3-0 на контролниот дуел со Вест хем што се одигра во Рејкјавик.

Лондонскиот премиерлигаш беше недораснат ривал за тимот на Гвардиола, кој целосно доминираше и создаде бројни шанси, од кои три завршија во мрежата на „чеканите“. Резултатот веќе во 5. минута го отвори Габриел Хесус, откако Данило одлично украде топка, а Де Бруине несебично го проигра Бразилецот во шеснаесетникот на Вест хем.

На 2-0 во второто полувреме зголеми Агуеро на асистенција на Давид Силва, додека конечните 3-0 ги постави Стерлинг.

ALL GOALS Manchester City 3-0 West Ham 04.08.2017 by footballgoalshow

Се вчитува...