Англискиот премиерлигаш Манчестер сити подготвува нов договор за шпанскиот интернационалец Давид Силва, кој е една од централните фигури во тимот на Пеп Гвардиола. Според новиот договор, тој би останал на „Етихад“ до 2020 година и би заработувал 150.000 фунти седмично. 31-годишниот играч за врска веќе седум години го носи дресот на „граѓаните“ откако во 2010 година пристигна од редовите на Валенсија.
Многу извесно е дека Давид Силва ќе ја прифати понудата за продолжување на соработката, со оглед дека и понатаму е во најтесните планови на Пеп Гвардиола за првиот состав, иако „граѓаните“ го ангажираа и португалскиот интернационалец Бернардо Силва, кој дојде од Монако и речиси идентичен профил на играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА