„Граѓаните“ се мачеа, па преку пеналите до четвртфинале во Лига купот

Манчестер сити дури по изведувањето на пеналите обезбеди пласман во четврфтиналето од Лига купот на Англија. „Граѓаните“ откако не успеаја по 120 минути игра да го „скршат“ отпорот на чемпионшиплигашот Вулверхемптон славеа со 4-1 по изведувањето на ударите од белата точка.

За Манчестер сити погодија Де Бруин, Туре, Сане и Агуеро, што беше доволно за триумф откако кај Вулверхемптон од три пенали погоди само Бонатини.

Во регуларниот дел и по продолженијата натпреварот заврши без голови. Манчестер сити беше далеку подобар противник, имаше неколку убави можности преку Стерлинг и Лирој Сане во продолжението, но не успеа да реализира.

На крајот, иако се мачеше, Манчестер сити сепак обезбеди преку ударите од белата точка место меѓу осумте најдобри екипи во Лига купот.

Се вчитува...