„Граѓаните“ со минимална предност против Бристол сити во Лига купот на Англија

Лидерот на табелата во Премиер – лигата, тимот на Манчестер сити, со предност од 2-1 ќе патува на реваншот против Бристол сити, на реванш натпреварот од полуфиналето во Лига купот на Англија. „Граѓаните“ славеа со голот на Серхио Агуеро постигнат во судиското продолжение од натпреварот.

Бристол сити поведе од пенал, со голот на Боби Реид во 44.минута од средбата. Кевин Де Бруин во 55.минута успеа да израмни, а Аргентинецот Агуеро му донесе предност на Манчестер сити пред реваншот, кој ќе се игра на 23.јануари.

Се вчитува...