„Граѓаните“ со нова понуда за Алексис Санчез

Манчестер сити не се откажува од намерата да го купи Алексис Санчез ова лето, иако Арсенал останува цврст во ставот дека тој не е на продажба, иако влегува во завршната година од договорот со клубот. Сепак, Пеп Гвардиола уште еднаш ќе го испроба трпението на Арсен Венгер со понуда од 60 милиони фунти. За играч кој следното лето би заминал без отштета тоа е сепак огромна сума.

„Граѓаните“ се подготвени на Алексис Санчез да му понудат 400.000 евра неделна плата, што е речиси двојно од сегашната што ја заработува во редовите на Арсенал. А „топчиите“ се надеваат дека тој ќе се сложи да го продолжи договорот со клубот, со понуда од 300.000 евра седмично.

Венгер истакнува дека нема намера да го продаде својот најдобар фудбалер, но управата на Арсенал сепак ќе ја има конечната одлука, со оглед на фактот дека летово може да заработи 60 милиони фунти на играч што догодина е слободен да си замине без никаква отштета.

Се вчитува...