„Граѓаните“ со пресврт во последните 10 минути до финале во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер сити е првиот финалист во ФА Купот на Англија, откако дојде до пресврт победа од 2-1 против Саутемптон во полуфиналниот дуел.

Се интересно на натпреварот се случи во последните 15 минути од средбата, вклучувајќи го и судиското продолжение.

Најпрво Саутемптон поведе со голот на Азаз во 79. минута, а потоа следеа два гола на „граѓаните“.

Доку во 82. минута израмни на 1-1, а Нико во 87. минута донесе победа од 2-1 за Сити и пласман во финалето од ФА Купот.

Манчестер сити во финалето ќе се соочи со подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Челси и Лидс.

Се вчитува...