„Граѓаните“ веќе немаат дилема: По поразот од Челси, Сити тргнува по напаѓач и рушење на нов трансфер-рекорд!

Пеп Гвардиола вчера направи осум измени во тимот, но без никаков успешен ефект, па „граѓаните“ го загубија првиот трофеј оваа сезона од Челси со минимален резултат од 1-0. Без оглед на исходот од сезоната, на Сити му недостасува напаѓач од висока класа. Габриел Хесус не е фудбалер од таков калибар, играњето со лажна деветка не е опција, тоа го покажа Феран Торес. Кун, често беше подложен на повреди, но и секако си заминува од клубот, па веќе нема дилема и јасно е дека „Арапите“ ќе мора да ја стават раката длабоко во џебот.

Каталонецот ги обвини медиумите дека не ги почитуваат доволно неговите играчи, па тој потенцираше дека сите членови на клубот се во Манчестер затоа што го заслужиле тоа место. „Граѓаните“ нема да освојат четири „круни“, Тотенхем ги чека во финалето на Лига купот, но и ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите, па веќе е јасно дека тимот мора да донесе напаѓач.

Пеп ја обвини лошата игра за поразот, неможноста да се најде отворен простор против Челси кој знае како да се одбрани. ПСЖ ќе биде уште потежок противник за Сити, особено кога предвид се имаат брзите фудбалери од калибарот на Нејмар и Мбапе.

“Кога ќе изгубите, сите одлуки се лоши, но немеаше да стигнеме толку далеку ако мислите дека ги жртвуваме натпреварите. Дадовме се од себе, ова не е резервен тим”, изјави изнервираниот Пеп пред новинарите.

Гласините од Англија се едногласни, овој пораз ќе биде добредојден за газдите на Сити да се одлучат да купат нов напаѓач. Најпосакуван е Халанд, па ако сопствениците на Сити решат да го купат, тогаш ниту Дортмунд, ниту играчот, односно неговиот татко Рајола ќе можат да одолеат на одличната понуда.

Се вчитува...