„Граѓаните“ во паника: Агуеро не може ниту да влезе во автомобил

Серхио Агуеро во блисна иднина нема да можеме да го гледаме во дресот на Манчестер сити, откако беше обелоденето дека повредата на арентинскиот ас при сообраќајната несреќа во Амстердам е од посериозен карактер. „Граѓаните“ отпрвин се надеваа дека нивниот најдобар стрелец би можел да се врати за две до четири седмици, но поледните информации велат дека состојбата на Агуеро е далеку од посакуваната.

„Кун Агуеро е многу лошо расположен, бидејќи воопшто не е виновен, а сега ќе мора да паузира најмалку шест седмици од терените. Нема шанси да с се врати порано, состојбата му е далеку од посакуваната. Тој не може ниту да се движи низ својот дом, не може ниту да влезе во автомобил, толку е сериозно“ – истакна Доктор Донато Вилани, кој ги изврши последните прегледи врз фудбалерот на Манчестер сити.

Се вчитува...