Гранада со пресврт до победа против Хетафе (ВИДЕО)

Гранада со пресврт го совлада Хетафе со 2-1, во вториот натпревар во Ла лига по рестартот на сезоната. Гостите беа подобар противник во првото полувреме, игра што ја материјализираа со голот на Тимор во 20. минута. Во второто полувреме прво следеше голема грешка на одбраната на гостите, па со автоголот на Даконам во 70. минута домаќините израмнија на 1-1. Несигурноста на голманот на Хетафе, Сорија резултираше и за примање на втор погодок во 79. минута, во која Фернандез успеа да донесе значајни три бода за Гранада во борбата за Европа.

Хетафе останува на петтата позиција на првенствената табела со 46 бода исто колку и четвртиот Реал Сосиедад, но и меч повеќе од ривалот. Гранада во моментов е седма и е на само бод негатива од шестата Валенсија.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...