Гранада со тактика на Симеоне до бод против Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид одигра без голови 0-0 против Гранада на домашен терен во наптревар од 33. коло во шпанската Ла лига. Гостите до бод во борбата за опстанок стигнаа со оружјето токму на Чоло Симеоне и поставување буквално на бункер пред својот гол.

Иако „душекчиите“ имаа посед на топката скоро 70 отсто и безброј шанси кон голот на Гранада на крајот не успеаја да ја затресат мрежата на Максимијано.

Со овој бод Атлетико Мадрид за момент ја презема втората позиција на табелата со бод повеќе од ривалите Барселона и Севилја кои имаат натпревар помалку. Од друга страна Гранада останува 18. со 30 бода, односно еден помалку од сигурната зона.

 

 

 

 

Се вчитува...