„Гранде Пандев“ среде Виена: Ќе има и македонски фанови на „Ернст Хапел“ (ФОТО)

ЕКИПА во Виена, 

Никола Ѓуровски

Австријците се подготвуваат за славје и пласман на ЕП 2020, ама и Македонија ќе има поддршка на „Ернст Хапел“ во Виена. Најдобрите македонски фудбалери ќе имаат поддршка од околу 400 фанови, членови на познатата „Македонска Фаланга“ која ги следи настапите на нашите национални селекции ширум Европа. Ќе бидат придружувани и од други Македонци кои живеат во Австрија и во Германија.

Транспарентот „Гранде Пандев“ осамна во центарот на Виена во текот на денешниот ден, а ќе биде поставен и на трибините на стадионот „Ернст Хапел“.

Се вчитува...