Гранитна одбрана на Црвена Звезда за триумф над АСВЕЛ, ЦСКА им се врати на победите

Црвена Звезда одржа уште една лекција по одбрана, а овој пат пред гранитиот ѕид на белграѓани се загуби француски АВСЕЛ кој загуби со 73-67. „Црвено-белите“ дозволија само девет поени на противникот во првата четвртина и 13 во третата при што имаа и предност од 17 поени во последната четвртина, но препраното опуштање на домаќините го искористија гостите кои при крајот на мечот стигнаа и до негатива од еден напад, но недоволно да ја загрозат победата на српскиот тим.

Предводник на Црвена Звезда со 22 поени и 4 скока беше Калиниќ, а 14 поени и 5 асистенции забележа Ивановиќ. Окбо беше лидер на гостите со 16 поени, а Џоунс додаде 14 поени.

ЦСКА пак стави крај на серијата на порази со триумф над Макаби од 74-73. Лундберг беше најрасположен кај московскиот тим со 14 поени и 4 скока, а него го следеше Боломбој со 12 поени и 6 скока. Вилијамс беше првото име кај гостите со 20 поени и 3 скока, а хрватскиот репрезентативец Жижиќ додаде 16 поени и 6 скока.

Се вчитува...