„Гратис Јужна“ се испразни предвреме, „Комити“ за восхит до крај… (ФОТО)

Срамната игра на вардаровите фудбалери на терен очигледно не можеа да ја „истрпат“ до крај поголемиот дел од навивачите на нашиот најголем стадион…

Па, „Гратис Јужна“ која вечерва се наполни во голема мера поради „гага“ билетите кои наголемо ги делеше раководството на клубот се испразни по само 60 минути игра. Оние кои реално не платиле ниту денар за да го гледаат македонскиот шампион во Европа, нормално немаат проблем и предвреме да го напуштат дуелот, кој и онака не беше за гледање поради очајното издание на црвено-црните фудбалери и новиот дебакл.

Затоа, пак, за разлика од нив најверните „Комити“ демонстрираа навивање за восхит до крај…. И покрај тоа што и трет едноподруго натпревар во Европа не добиваат позитивно издание на терен од своите миленици, „Комитите“ ја покажаа љубовта кон клубот до крај останувајќи со максимална поддршка.

Komiti 3

Komiti 2

Иако, мора да се истакне, дека поединци преку физичка пресметка и очигледно стари нерасчистени сметки за момент ја нарушија и атмосферата на Западната трибина. Па, и специјалните сили мораа да интервенираат за да ја смират комплетната ситуација. Како и да е, „Комитите“ на крај и со песна и аплуази ги испратија фудбалерите кон соблекувалната. Иако овие уште еднаш им останаа должни. И ним, и на целокупната македонска фудбалска јавност!

Се вчитува...