Грчката кошарка завиена во црно: Ненадејно почина поранешниот селектор на репрезентацијата

Грчката кошарка денеска е завиена во црно по веста за ненадејната смрт на Танасис Скуртопулос, кој почина на 60-годишна возраст како последица од срцев удар.

Скуртопулос беше селектор на Грција од 2018 до 2020 година, завршувајќи го мандатот како предводник на националниот тим со 18 победи и пет порази. Пред да биде назначен за селектор, ја извршуваше функцијата помошник тренер во Грција.

Беше во стручниот штаб на АЕК, Панелиниос, а ги водеше екипите на Егалео, Перистери, Икарос Калитеас, Паниониос, Керавнос, Ретимно, Аполон Патрас, Фарос Лариса, Ираклис, а работеше и во полска, во Асторија Бидгошч, а последен ангажман му беше како селектор на Катар во сезоната 2023/24.

Се вчитува...