Гредите се тресеа: „Војната за Рим“ без победник

Лацио и Рома ремизираа 1-1 во првото градско дерби во новата сезона, кое понуди бројни возбудувања и само два погодоци. Имено, во првото полувреме дури пет пати се тресеа рамките од головите, три пати диреците ги погодуваа „лацијалите“, двапати тоа го сторија гостите, но на одмор се замина со водство на Рома.

„Волчицата“ поведе со пеналот на Коларов, откако Џеко го удри со топка во раката Милинковиќ – Савиќ, а судијата покажа на белата точка.

„Лацијалите“ тргнаа во тотална офанзива, по што заслужено стигнаа и до израмнување, Милинковиќ – Савиќ му украде топка на Коларов, по што Алберто постигна гол за еуфорија меѓу домашните тифози на „Олимпико“.

Се вчитува...