Грег Попович ќе го води Сан Антонио во Орландо

Грег Попович ќе ги предводи Сан Антонио Спарс на завршниот турнир во НБА лигата во Орландо. Американските медиуми пренесуваат дека искусниот стратег ќе биде со својата екипа кога ќе продолжи сезоната и покрај тоа што има 71 година и влегува во критичната група на луѓе, кои може да имаат тешки последици доколку се заразат со коронавирус.

Според плановите Спарс во Орландо треба да стигнат во четврток. По доаѓањето како и сите тимови, Спарс ќе ги поминат сите здравствени протоколи за влез во изолираната зона на тренинг центарот.

Како што е планирано НБА сезоната треба да продолжи на 30. јули. 22 тима ќе одиграат по осум натпревари од регуларниот дел, а најдобрите осум од двете конференции ќе продолжат во плеј-оф.

Се вчитува...