„Грешка, голема грешка беше што пративме 3.000 Шпанци во Ливерпул“

Градоначалникот на Мадрид, Хосе Луис Мартинез-Алмеида, ја критикуваше одлуката да им се дозволи на навивачите на Атлетико Мадрид да патуваат во Англија на мечот против Ливерпул. Преку 3.000 шпански навивачи на 11. март беа дел од победата на нивниот тим против Ливерпул, која значеше пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Тоа беше грешка. Навивачите на Атлетико не смееја да патуваат во Ливерпул. Мораше да бидеме повнимателни“, изјави Мартинез-Алмеида. 

Шпанија покрај Италија е земјата која беше најпогодена од пандемијата од коронавирусот. Досега вкупно се заразени 198.000 лица, а починаа преку 20.000.

Се вчитува...