Грешка во комуникацијата – Фиорентина нема постхумно да го продолжи договорот на починатиот Астори

Претседателот на италијанскиот олимписким комитет, Џовани Малаго, кој воедно ја извршува и функцијата на комесар во Италијанската фудбалска лига, вчера соопшти дека одлуката на Фиорентина постхумно да го продолжи договорот со починатиот капитен Давиде Астори е официјална, иако тоа била само медиумска шпекулација.

Во денешното обраќање до јавноста, Малаго се извини затоа што пренел лажна вест дека Фиорентна ќе ги пренасочи платите на Астори на неговото семејство.

„Жал ми е што наседнав на лажна вест и што ја претворив во официјална. Фиорентина ќе направи нешто за семејството на Давиде Астори, тоа е сигурно, но за тоа ќе решат подоцна и нема да објавуваат што ќе биде. Одлуката на клубот треба да се почитува“ – рече Џовани Малаго.

Комесарот на лигата исто така информира дека сите тимови во серија А во следното коло на терен ќе излезат во маици со ликот на Давиде Астори, во знак на сеќавање и почит кон изненадно починатиот фудбалер на Фиорентина.

Се вчитува...