Грилиш се збогува од Сити: Реализира трансфер за паметење

Англиските медиуми пренесуваат дека Џек Грилиш со сигурно го напушта Манчестер сити ова лето, незадоволен од скромната минутажа која ја имаше изминатава пролет.

Претходните денови се шпекулираше дека Едерсон, по седум години, ќе ги напушти „граѓаните“ поради несогласувањата со Пеп Гвардиола за време на мечот против Тотенхем, и дека продолжува во Саудиска Арабија, но сега се нагласува и заминувањето на Грилиш.

28-годишниот фудбалер јасно му кажал на Гвардиола дека не сака да седи на клупата, поради што подготвува изненадувачки трансфер ова лето во редовите на Баерн Минхен, кој и тоа како е заинтересиран за неговите услуги.

Баварците сакаат следната сезона да ја вратат титулата во Германија, па свесни се дека ќе им требаат серија засилувања. Грилиш е на листата на желби, за кого се подготвени да платат околу 100 милиони евра.

Се очекува Винсент Компани да биде именуван за нов тренер на Баерн наредниве денови, а наводно Белгиецот е голем вљубеник во играта на Грилиш и не би имал ништо против овој фудбалер да биде дел од неговиот тим.

Се вчитува...