Гринберг: Македонија е нашата шанса за историја

Селекторот на Косово, Мајк Гринберг, најавува дека неговиот состав е подготвен за битка на вечерашниот дуел против Македонија, што ќе се игра со почеток во 20.15 часот во Приштина. Свесно препуштајќи ја фаворитската улога на нашиот национален тим, американскиот стручњак ги мотивира своите избраници во обид да испишат историја со пласман во главната квалификациска рунда за СП 2019.

Сите кошаркари и членовите на стручниот штаб се свесни од колкаво е значењето на учеството на Косово во овој преткваликациски циклус. Наш прв ривал е Македонија, селекција што е 34. на ФИБА-листата, што е огромен предизвик за нас. Знам дека се добро подготвени и интелигентни, но од друга страна ова е нашата шанса Косово да испише историја против еден силен и искусен состав. Максимално сме фокусирани, кошаркарите се подготвени да дадат се од себе на паркетот и да ги направат фановите горди со своето издание“ – изјави Гринберг во пресрет на денешниот натпревар.

Македонија по денешното гостување веќе в сабота ќе го игра првиот домашен натпревар во овој претквалификациски циклус, пречекувајќи ја селекцијата на Естонија.

Се вчитува...