Гринвуд е херојот на Манчестер Јунајтед против Барнли

Манчестер Јунајтед по голема битка триумфираше над Барнли со 3-1, меч во кој во главна улога беше младиот голгетер на „црвените ѓаволи“, Мејсон Гринвуд.

Дуелот почна шокантно за домаќините, Барнли постигна гол по само 13 секунди игра, но радоста траеше кратко бидејќи погодокот беше поништен поради минимален офсајд. До крајот на првото полувреме не беше постигнат ниту еден гол, но затоа мрежите четири пати се тресеа во вторите 45 минути.

Гринвуд го отвори резултатот по одличниот контранапад на Јунајтед и асистенцијата на Рашфорд, зачинета со извонредното пропуштање на топката од Бруно Фернандеш. Барнли израмни на 1-1 преку Тарковски, но Гринвуд со својот втор гол го врати Манчестер во водство.

Конечните 3-1 во самиот финиш ги постави Единсон Кавани на асистенција на Ван де Бек.

Се вчитува...