„Грижа“ за спортот: Ракометарите на Македонија ЃП тренираат на асфалт зошто Град Скопје и Општината си играат институционален „пинг-понг“ (ФОТО)

Ракометниот клуб Македонија ЃП и покрај целокупниот ентузијазам за заживување на овој спорт во општина Ѓорче Петров ниту најмалку не наидува на поддршка од Град Скопје и Општина Ѓорче Петров.

Ракометарите на Македонија ЃП продолжуваат со тренинзи на отворено, на асфалтно игралиште, како пред 50 години, поради тоа што се уште немаат дозвола по поднесените барања до Град Скопје и до Општина Ѓорче Петров за користење на некоја од училишните сали во општината.

„Ништо немаме на ум веќе. Патувавме низ времето. Тренинзи ракометни на асфалт како во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Во денешно време. Само затоа што со нас си играат институционален пинг понг и “високи” политики кои се прекршуваат преку нашиот грб. 70-тина ракометари вежбаат под отворено небо, само кога не врне. Дали има смисла целокупниот наш напор? Се обративме до сите релевантни фактори за салата. Градоначалник на Град Скопје, Секретар на Град Скопје, а денеска до Совет и до Градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Нашите можности се тие. Се друго е надвор од нашето поле на дејствување“ – реагираат револтирано од РК Македонија ЃП очекувајќи дека конечно ќе добијат поддршка од општината за развој на ракометниот спорт.

Се вчитува...