Гризман: Ако ме викне Бекам, веднаш доаѓам!

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман вели дека сака кариерата да ја заврши во САД.

Со одличните настапи во шпанскиот шампионат Гризман се наметна како еден од најдобрите офанзивци на денешницата. За неговите услуги се заинтересирани бројни клубови, но се надева дека еден ден ќе заигра во МЛС лигата. Поточно, во новоформираниот Интер од Мајами кој го основа легендарниот Дејвид Бекам.

„Ако Бекам ме сака во неговиот клуб, таму веднаш би отишол. Сакам кариерата да ја завршам во САД. Дали ќе биде Мајами или Лос Анѓелес ќе видиме. Главно, ми се допаѓа менталитетот и културата на САД“ – вели Гризман.

Една од причините поради која сака во иднина да се пресели во САД е и неговата сестра, со која е исклучително близок, а која живее веќе долго „преку барата“.

Се вчитува...